Search

Се вработила во УБК со лажна диплома, кривични и за рефернет за средно образование и за директор на УТМС

СВР Куманово поднесе кривични пријави против вработена во СВР Куманово и двајца рефернети, како и две правни лица осомничени за повеќе кривични дела од областите на правниот сообраќај и против злоупотребата на службената должност.

Како што информира МВР, против С.С. (45) од Куманово се поднесени кривични пријави за  фалсификување на исправа и за употреба на исправа со невистинита содржина. Против В.Ѓ. (57) од Тетово вработена како референт за вонредни ученици во  ССОУ „Моша Пијаде” во Тетово,с е поднесена кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување и за  фалсификување исправа, а М.Ч. (47) од Хрватска, со место на живеење во Скопје, вработен како оперативен директор на Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје (УТМС), е осомнилен дека сторил злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување исправа.

Кривични пријави за злоупотреба на службена положба и овластување и за фалсификување исправа се поднесени и против правните лица ССОУ „Моша Пијаде” со седиште во Тетово и УМТС.

Истрагата утврдила дека С.С. која од 6 јуни 2012 година била вработена во Управата за безбедност и контраразузнавање при МВР со тригодишно средно образование, спротивно на член 46 став 3 точка 3 од Законот за внатрешни работи на РМ,  од посочениот датум до денес противправно остварила личен доход во износ од 1.8 милиони денари за и го оштетила буџетот на МВР на РМ.

Пријавената откако завршила III степен на образование во СОУ „Перо Наков” во Куманово, во учебната 2011/2012 година се запишала четврта година како вонреден ученик во ССОУ „Моша Пијаде” во Тетово, во делот за сообраќајна струка – техничар за патен сообраќај за дообразование. Таа не ги почитувала ги прописите за плаќање и пријавување на испити, за целиот овој период на дообразование уплатила вкупно 7.400 денари од предвидените 27.200 денари. Ваквиот начин на дошколување и овозможил на С.С. да се стекне со невалидна диплома за завршено четиригодишно средно образование за завршен техничар за безбедносен сообраќај. Дипломата ја употребила во неколку наврати приложувајќи ја во МВР, на УТМС и при движење во кариерата.

Второпријавената В.Ѓ. вработена во ССОУ „Моша Пијаде” во Тетово како референт за вонредни ученици во периодот од 2011-2013 година, константно ја злоупотребувала службената положба со неизвршување на својата службена должност при што ги дозволила незаконитите дејствија и постапила спротивно на член 21 од Правилникот за начинот на следење, проверување и оценување, полагање на испити и напредување на учениците во средните училишта.

С.С. без завршено четиригодишно средно образование аплицирала и на 18 јули 2013 година без поднесена документација се запишала како вонреден студент во приватна високообразовна установа УТМС – Економски факултет Скопје. За целото студирање истата од вкупно 397.500 денари уплатила 15.000 денари за сите студиски години.

Четвртопријавениот, МЧ. вработен при УТМС како оперативен директор во Одделот за оперативни работи, ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што и овозможил на С.С. на нелегален начин да се стекне со високо образование, при што го оштетил Универзитетот, а воедно и Буџетот на РМ.

Треба да знаете
Последни објави