Search

Се воведуваат европски стандарди за квалитет во Институтот за трансфузиона медицина

На Институтот се воведува и нов начин за прибирање на крв т.е. ладен ланец, реновирани се просториите и се обезбедени нови комбиња. Министерот за здравство Венко Филипче, заменикот министер за здравство  Асим Муса, вицепремиерот Бујар Османи и директорите на Институтот за трансфузиона медицина Седула Усеини и Авни Исмаили, денеска ги промовираа реновираните простории на Институтот, со што се овозможи подобри услови за работа и поквалитетни здравствени услуги. Со реновирањето создадени се нови соодветни просторни услови, инсталирана е современа апаратура и спроведена е едукација на високо квалификуваниот медицински кадар.

Реновиран е одделот за продукција, просториите за процесирање на дарувана крв, чување на свежо смрзната плазма (ССП), интермедиерниот простор, како и една просторија која беше неупотребена сега е пренаменета во просторија за брзо смрзнување плазма.

„Институтот за трансфузиона медицина е позитивен пример за работа на јавна здравствена установа. Реновирани се просториите, обезбедени се нови комбиња, фрижидери и  апарат за харвестрација на матични клетки. Продолжуваме и во наредниот период со подобрување на условите во здравствените установи, како за пациентите, така и за вработените“, изјави министерот Филипче.

Имплементацијата на планот за унапредување и стандардизација на Институтот за трансфузиона медицина, ја постигна целта – услови за работа соодветно на ЕУ стандардите и препораките.

„Реновирањето и адаптацијата на просторните услови за работа по ГМП стандарди (Good Manifacturing Practice) на Институтот за трансфузиона медицина во Скопје се одвиваше во периодот јули 2018 – април 2019 година. Во наредниот период следува реновирање и адаптирање на посторните услови во Битола. Грижата за здравјето и удобноста на пациентите е примарна одговорност во областа на медицината и со сите расположливи средства и капацитети кон тоа се стремиме“, потенцираше директорот Усеини.

Во февруари 2019 година обезбедени се фрижидери за чување на крвни продукти, со сертификат за чување на крвни продукти во сите трансфузиолошки едицини:

• 12 фрижидери на +4 степени целзиусови за чување на еритроцитен концентрат

•  10 фрижидери на -30 степени целзиусови за чување на плазма

•  3 фрижидери на -80 степени целзиусови за брзо смрзнување на плазна

Институтот за трансфузиона медицина во Скопје е најголема трансфузиолошка единица во установата и располага со најголемите резерви на крвни компоненти кои бараат соодветни услови за чување обезбедени преку апарати приклучени на електрична енергија. За одржување на истите, Институтот доби агрегат како донација и со тоа е загарантирано непречено снабдување со електрична енергија и во екстремно ситуации.

E-Delphin информатички систем се спроведе во сите центри и служби за трансфузиона медицина.За тоа се обезбеди потребната хардверска подршка: компјутери, принтери, специјални принтери за етикетирање на крвни продукти и баркод читачи.Потоа следуваше инсталирање и обука на здравствениот кадар за користење на системот E-Delphin при процесот на работа во Институтот за трансфузиона медицина.

Треба да знаете
Последни објави