Search

Се бориме за секое работно место, првична помош од 200 милиони евра за работниците, граѓаните, стопанството

Во време кога нашата држава се соочува со најголемата здравствена криза во историјата, Владата спроведува низа мерки за справување со здравствените и економски последици од коронавирусот.
Кога нашата држава се соочува со најголемата здравствена криза во историјата, не е време на политикантство, туку за одговорност и посветеност, последиците врз економијата да бидат што помали.
За таа цел Владата донесе сет на мерки што имаат за цел да го ублажат ударот врз економијата и полесно да се преброди кризата. Со мерките, во вредност од 200 милиони евра се опфаќаат 250.000 работни места и 35.000 компании, но помош има и за спортистите, уметниците, занаетчиите, како и за лицата кои се дел од неформалната економија.
Сите вработени погодени од кризата ќе добијат по 14.500 денари за месеците април и мај, а оние кои останале без работа, ќе добиваат 50 отсто од платата што во просек ја добивале во последните 24 месеци. Граѓаните и компаниите имаат можност за одлагање на плаќање на кредитите за три до шест месеци, а до 30 јуни нема да се преземаат извршни дејствија од страна на извршителите.
На микро, малите и средните претпријатија на располагање им се ставени кредити од 3 до 30 илјади евра, со 0 отсто каматна стапка и 6 месечен грејс период.
Ова е време кога солидарноста, меѓусебното помагање и поддршка се вредностите околу кои треба да се обединиме.  Сега не е време за популизам, за дневна политика и лажни вести. Сега е потребна одговорност од сите, вклучително и од политичките партии.
Сега треба сите капацитети да ги ставиме во надминување на кризата затоа што за секој од нас се работи.
Сите сме заедно во ова и само заедно можеме да ја победиме здравствената но и економска криза со која сме соочени.
Треба да знаете
Последни објави