Search

Се бара притвор за дилерка на дрога од Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 22 05.2019 година, во својот дом во Куманово и во домот на нејзиниот невенчан сопруг, осомничената неовластено заради продажба држела наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 322,6 грама и наркотична дрога хероин со нето маса од 11,94 грама. Осомничената ја прибавила наркотична дрога марихуана и хероин за натамашна продажба , за чија цел поседувала и две дигитални ваги кои при извршените претреси се пронајдени и одземени.

Надлежниот јавен обвинител постапувајќи по поднесената кривична пријава, донесе наредба за спроведување на истражна постапка. Поднесен е предлог за определување на мерка притвор за осомничената.

Треба да знаете
Последни објави