Search

СЕХА лига: Пирова победа на битолчани, Нексе оди на мегдан на Вардар

Битолски Еурофарм Пелистер не успеа да ја анулира разликата која Нексе ја имаше од Нашице во возвратниот натпревар од осминафиналето во СЕХА Лигата.

Пелистерци славеа со 24:22, резултат кој не беше доволен за пласман во следната фаза и натпревар против бранителот на титулата, Вардар.

За работите да бидат уште потешки за Еурофарм Пелистер, битолчани ја имаа потребната позитива во првиот дел од второто полувреме, се до 43 минута кога влегоа во една црна низа.

Гостите од Нашице од 43 до 54 минута со серија од 6:2 од 19:15 за Пелистер, израмнија на 21:21 и практично ги сведоа на минимум шансите за македонска пресметка во четвртфиналето од СЕХА Лигата.

До крајот се појави зрак на надеж за пелистерци, но веќе беше прекасно, па победата од 24:22 нема да им значи баш ништо.

Најефикасен кај битолчани беше Ловро Јотиќ со четири погодоци, а добар натпревар на голот имаше Николче Митрески кој собра осум интервенции.

Фото: 24Ракомет.мк

Треба да знаете
Последни објави