Search

СЕХА: Вардар го победи Татран Прешов

 Екипата на Вардар го совлада Татран Прешов со 23-21 (10-9) во меч од 12.коло од СЕХА лигата.

За “црвено-црните” ова е 10-та победа со која се зацврстија на првата позиција на табелата во регионалната лига.

Двата тима одиграа изедначен дуел, кој беше решен во последните десет минути.

Најефикасен во составот на Вардар е Карачиќ со 6 гола, додека Дисингер постигна 3. Кај гостинот, Лапајне постигна 6 гола.

Вардар се среќава со Стеауа во Романија во последниот меч во СЕХА лигата годинава.

Треба да знаете
Последни објави