Search

Сеул: Северна Кореја се подготвува за проба на подводна ракета

Северна Кореја наскоро би можела да го спроведе првиот тест за лансирање на подводни балистички ракети во оваа година, соопштија денеска јужнокорејски воени претставници.

Кандидатот за началник на Генералштабот на Јужна Кореја, Фон Ин Чоул, изјави дека Северна Кореја ја санира штетата предизвикана од неодамнешниот тајфун на нејзиното бродоградилиште Синпо на северозападот на земјата, местото каде што прави подморници.

Како што рече, набрзо по отстранувањето на штетата, постои можност да изведе проба за лансирање на подводна балистичка ракета од подморница, но и дека јужнокорејската армија внимателно го следи развојот на ситуацијата.

Последен пат Северна Кореја тестираше подводна балистичка ракета лани во октомври, а се претпоставува дека и двата теста ќе бидат извршени пред годишнината од основањето на владејачката Работничка партија на 10 октомври.

Треба да знаете
Последни објави