Search

Сеул: Северна Кореја повторно лансира два „непознати проектила”

Северна Кореја денеска истрела два „непознати проектили” кои паднаа во море, соопшти јужнокорејската армија.

Проектилите биле истрелани од околината на Тонгчон во покраината Кангвон, југоисточниот дел на Северна Кореја и паднале во Источно или во Јапонско Море.

– Армијата ја следи ситуацијата и евентуални други лансирања, се наведува во соопштението од војската на Јужна Кореја.

Тоа е шесто лансирање на проектили од крајот на јули. Според севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун проектилите се „службено предупредување” за Јужна Кореја и за САД поради нивните заеднички воени вежби.

Треба да знаете
Последни објави