Search

Сетот безбедносни закони денеска пред пратениците

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја  одржи 99-та седница на која во второ читање се повеќе закони од областа на безбедноста.

На оваа седница треба да се разгледа Дополнет Предлог – закон за Агенција за национална безбедност, Дополнет Предлог-закон за координација на безбедносно-разузнавачкaта заедница во Република Северна Македонија, Дополнет Предлог-закон за изменување на Законот за следење на комуникациите, Дополнет Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи и Дополнет Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за странци – II читање, сите во второ читање.

Пратениците треба да ја разгледаат и Предлог одлуката за распишување јавен оглас за избор на здруженија од областа на човековите права, полициското право и правосудството поднесен од Јован Митрески, Снежана Калеска Ванчева, Кети Смилеска.

Треба да знаете
Последни објави