Search

Сетиен: Ќе биде многу тешко против Баерн

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен беше задоволен од победата од 3:1 над Наполи, која ги квалификуваше Каталонците за четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Таму противник ќе биде Баерн Минхен, а големиот натпревар ќе се одигра на 14 август во Лисабон.

– Ние го направивме првиот чекор кон целта. Наполи нè испоти доста на почетокот на натпреварот. Италијанците имаат добар тим кој се брани со многу агресија и посветеност. Ако тие дадоа гол на почетокот, тоа ќе им дадеше многу самодоверба, па нашата главна задача беше да се браниме добро. Сепак, понекогаш покажувавме нервоза. Ние го направивме првиот чекор и се надевам дека ќе продолжиме во ист дух и на следните натпревари. Игравме добро и заслужено победивме. Тимовите кои остануваат на турнирот се многу опасни и ќе имаме тешки судири. Ќе биде многу тешко против Баерн. Тие се одличен тим. но, такви сме и ние, рече Сетиен по мечот.

Треба да знаете
Последни објави