Search

Сер Дејвид Атенборо се придружи на Инстаграм за да предупреди дека светот е во неволја

Познатиот британски исражувач сер Дејвид Атенборо за првпат се пријави на Инстаграм со цел да ја сподели неговата порака за заштита на животната средина.

„Го правам овој потег … затоа што, како што сите знаеме, светот е во неволја“, рече тој во својата прва видео порака на социјалната мрежа.

„Континентите горат. Глечерите се топат. Коралните гребени умираат … Списокот продолжува и продолжува”, рече истражувачот.

„Спасувањето на нашата планета сега е комуникациски предизвик.“

За еден час по неговата прва објава, познатиот ветеран-водител веќе стекна повеќе од 200.000 следачи.

Тенисерот Енди Мареј, фитнес тренерот и нутриционист Џо Викс беа меѓу оние кои објавија пораки за добредојде.

Треба да знаете
Последни објави