Search

Серхио Агуеро доби споменик во Манчестер

Англискиот прволигаш Манчестер сити денеска откри споменик во чест на Серхио Агуеро, со што клубот го комплетираше тројството статуи посветено на клупската епоха која аргентинскиот фудбалер ја одбележа заедно со своите поранешни соиграчи Винсент Компани и Давид Силва.

Статуата ја покажува прославата на тогаш 23-годишниот Агуеро пред десет години кога Аргентинецот го постигна веројатно најважниот гол во дресот на Сити. Во сезоната 2011/12 Агуеро постигна гол во 94. минута во победата во последното коло над КПР од 3-2 која на Манчестер сити му ја донесе првата шампионска титула по пауза од 44 години.

– Многу сум благодарен на клубот што го откри овој споменик како знак на признание за мојата фудбалска кариера во Манчестер. Ова е многу важен момент за мене, изјави Агуеро, кој е рекордер според бројот на постигнати голови во клупската историја на Сити.

Агуеро мина десет години во премиерлигашот од Манчестер, по што премина во Барселона, но поради проблеми со срцето во ноември лани мораше да ја заврши кариерата на 33-годишна возраст.

Треба да знаете
Последни објави