Search

Серж Брамерц во посета на Белград

Главниот обвинител на Механизмот за меѓународните кривични судови, Серж Брамерц од денеска до среда престојува во посета на Белград, во рамки на подготовките за изработка на неговиот редовен полугодишен извештај што го доставува до Советот за безбедност на ОН.

Предвидено е во Белград Брамерц да се сретне со српската министерка за правда Нела Кубуривиќ, со државната јавна обвинителка Загорка Доловац и со обвинителката за воени злосторства Снежана Станојковиќ.

Според најавите, на овие средби ќе стане збор за имплементацијата на српската Национална стратегија за воени злосторства.

Брамерц во Белград ќе учествува и на регионалната Конференција на обвинителите за воени злосторства.

Својот нареден извештај до Советот за безбедност на ОН, Брамерц треба да го достави кон средината на јули.

Треба да знаете
Последни објави