Search

Септември 2020. година е најтопол од почетокот на мерењата на температурата

Годинашниов септември бил најтопол месец од почетокот на мерењата на температурите во 1.880 година, објави во четвртокот американската Управа за океани и атмосфера.

Просечната температура над површината на земјата и површината на океанот била за 0,97 степени повисока од просекот на 20-от век кој изнесува 15 степени, соопшти администрацијата.

Септември 2020. година за 0,2 степени ги надмина досега рекордните исти месеци од 2015 и 2016 година.

Особено топло било во земјите од Европа, Азија и Јужна Америка.

И европската служба за следење на климатските промени „Коперник“ исто така објави дека минатиот месец бил најтоплиот септември откако во 1979. година започнала да ја мери глобална температура.

Треба да знаете
Последни објави