Search

Сензација во Мелбурн- Бранителката на трофејот, Осака загуби од американката Анисимова

Бранителката на титулата во Мелбурн, Наоми Осака, го заврши настапот на Австралија опен во третото коло коло.

Осака потклекна пред Американката Аманда Анисимова, која до победата дојде откако во десеттито гем од третиот сет успеа спаси две меч топки.

Мечот кој траеше два часа и 18 минути, 60. тенисерка на ВТА листата, го доби со пресврт и во супер тај-брејкот.

Осака го доби првиот сет со 4/6, на што Анисимова возврати со 6/3 и 7/6. Во супер тај-брејкот освои дупло повеќе поени од противничката (10:5).

Анисимова, во осмина-финалето ќе игра против првата носителка, Ешли Барти. Домашната тенисерка во два сета, со 6/2, 6/3, ја победи Камила Џорџи од Италија.

Треба да знаете
Последни објави