Search

Сензација во Будимпешта: Црна Гора ја прегази Хрватска

Фото: Слободан Ѓуриќ

Селекцијата на Црна Гора која беше во нашата група продолжува со одличните настапи на Европското првенство, па денес на почетокот на втората фаза од првенството ја совладаа Хрватска во натпревар во кој скоро цело време имаа водство.

Предводени од фантастичниот Небојша Симиќ кој запиша 14 интервенции Црна Гора славеше со 32:26.

Единственото водство на фаворизирата на Хрватска денес беше само на почетокот кога го отворија мечот со 0:1. Од тој момент и изедначувањето на 1:1 Хрватска ниту еднаш не водеше, а само уште еднаш имаше нерешен резултат (3:3).

Црногорците имаа предност од 2-3 гола во поголемиот дел од првото полувреме, а потоа во финишот влегоа во серија од 4:0 за највисоки плус 6 од 15:9.

Се очекуваше Хрватска да се соземе и да се врати во вториот дел, но на теренот ништо не се смени. Црна Гора не и дозволи на Хрватска да се спушти под пет гола разлика, имаа и највисоки осум гола предност (28:20). На крајот славеа со 32:26.


Најдобри во победничката екипа беа Милош Вујовиќ и Бранко Вујовиќ со по седум голови, додека кај Хрватска најефикасен беше Иван Чупиќ со седум погодоци.

Шведска ја изненади Русија во првиот меч од втора фаза со 29-23 и така се вклучи во битката за топ-3 позициите во групата.

Треба да знаете
Последни објави