Search

Сензационална победа на Аугсбург против Баерн

Аугсбург извојува сензационална победа над големиот Баерн Минхен со 2-1 во баварското дерби на Бундеслигата. И покрај поразот, Баерн останува лидер на табелата и после ова коло, но им дава шанса на ривалите да му се доближат.

Прво Педерсен во 23. минута го отвори резултатот, а ерупција на трибините се случи и во 36. минута кога Хан зголеми на 2:0. Баерн Минхен остана во живот затоа што само две минути подоцна, Роберт Левандовски намали на 2:1, но тоа не беше доволно за позитивен резултат за „баварците“.

За Баерн кој вечерва имаше 70 отсто посед на топка, ова е втор пораз сезонава, и двата беа на територија на покраината Баварија (загубија и во Минхен од Ајнтрахт). Томас Милер го одигра својот 600-ти меч во дресот на Баерн, но овој прекрасен јубилеј нема да го памети по добро.

Аугсбург од 2014 година немаше победа против најтрофејниот германски првак.

 

Треба да знаете
Последни објави