Search

Сенегал без клучен играч за финалето на Африканскиот куп

Сенегал ќе биде без клучниот дефанзивец Калиду Кулибали во финалето на Африканскиот куп на нации против Алжир.

Централниот дефанзивец, кој се смета за еден од најдобрите на својата позиција во светот, доби втор жолт картон во три натпревари и нема да може да игра во битката за трофејот.

– Штета што ќе бидеме без Калиду. Тој е многу важен за нашиот тим. Ќе играме и за него, рече играчот Папе Алиу Ндиае по победата со 1:0 против Тунис во полуфиналето.

Кулибали, кој е играч на Наполи, доби жолт картон поради игра со рака.

Треба да знаете
Последни објави