Search

Сенегалец се обидел да запали автобус со деца во близина на Милано

Италијански возач на автобуси од сенегалско потекло се обидел да запалат автобус со 51 лице, претежно деца и нивните родители, објави „Раи њуз 24“.

Човекот, наводно, истурил бензин во автобусот, викајќи дека сака да го спречи умирањето во Средоземното Море, а потоа го запалил.

Едно од децата успеало да ги повика службите за итна помош кои набрзо пристигнале на местото на инцидентот.

Локалната полиција веќе го уапсила 47-годишниот возач на автобусот, Усеину Су, кој веќе имал криминално досие.

Според медицинските лица, ниту еден од патниците не се здобил со повреди, но 12 деца и двајца возрасни биле однесени во болница со симптоми на труење со чад.

Треба да знаете
Последни објави