Search

Сенатот ќе ја одобри номинацијата на Бар за јавен обвинител на САД

Американскиот Сенат синоќа гласаше за номинација на Вилијам Бар за јавен обвинител на САД, кој беше предложен од претседателот Доналд Трамп и доаѓа на местото на Џеф Сешнс кој поднесе оставка во ноември, минатата година.

За Бар гласаа 55 сенатори, додека 44 беа против. Гласањето на репубиканците, кои се мнозинство во Сенатот, беше по чисто партиска линија, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Сенатот денеска ќе спроведе уште едно формално гласање за да ја потврди неговата номинација.

Демократите не се задоволни бидејќи се смета дека изборот на Бар е пристрасен во полза на Трамп. Во средиштето на отказот на Сешнс, влијателен сенатор од сојузната држава Алабама, е истрагата околу наводните врски на Трамп со Русија за време на изборите во 2016 година.  Сешнс се иззема од истрагата за евентуален дослух на Трамп со Русија, по што следуваа нападите на американскиот претседател врз него, што на крајот резултираше со негова оставка.

Според законот на САД, јавниот обвинител ја извршува и функцијата секретар за правда. Сегашен вршител на должноста секретар за правда е Метју Витакер.

Демократите одбија да го прифатат за јавен обвинитил бидејќи Витакер неколкупати се обидуваше да ја поткопа истрагата на специјалниот обвинител Робер Малер за наводните врски на Трамп со Кремљ. Во меѓувреме, со министерството всушност раководеше заменикот јавен обвинител Род Розенстин кој го ангажираше Малер и ја заштити неговата истрага.

Треба да знаете
Последни објави