Search

Сенатот едногласен: Убиството на Кашоги го наредил принцот Салман

Сенатот на САД едногласно ја усвои резолуцијата во која саудискиот принц Мохамед бин Салман е посочен како одговорен за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

Во резолуцијата се повикува Саудиска Арабија да преземе одговорност за сите кои учествувале во убиството, пренесе „Гласот на Америка“.

Исто така, се тврди дека Саудиска Арабија купува воена опрема и соработува со владите на Русија и Кина, што, како што се наведува, може да го загрози интегритетот на воените односи помеѓу САД и Саудиска Арабија.

Треба да знаете
Последни објави