Search

Сенаторите прават хартиени авиончиња и дремат во долгата постапка за отповикување на Трамп

Американските медиуми обвинија одредени сенатори дека спијат, играат игри и кршат други правила за време на судењето на претседателот Доналд Трамп во Сенатот.

Така, Џим Риш и Џим Инхоф дремнале за време на долгите сослушувања, додека некои други биле забележани како решаваат крстозбор, се занимаваат со фиџет-спинери или прават хартиени авиончиња, објави Би-би-си.

Однесувањето на сенаторите американските медиуми го опишаа како однесување на ученици кои се досадуваат на час.

Инаку, според правилата, сенаторите треба цело време да седат на своите места, а како што објави „Ројтерс“, најмалку деветмина демократи и 22 републиканци вчера повеќепати станале од своите столчиња.

Републиканската сенаторка од Тенеси, Марша Блекбурн, вчера на својот профил на „Твитер“ се бранеше откако беше забележана како ја чита книгата „Како оние што го мразат Трамп ја расипуваат Америка“ во Сенатот. Taa посочи дека книгата дава добар увид во актуелните случувања.

„Вработените мајки се најдобри во вршењето на повеќе задачи одеднаш“, објасни Блекбурн.

Исто така, во Сенатот има строги правила во врска со храната, но некои сенатори се видени како јадат чоколади.

Треба да знаете
Последни објави