Search

Сем Хјуган е фаворит на фановите за следниот Џејмс Бонд

Шкотскиот актер oд „Странец“ (Outlander), кој претходно бил на аудиција за да го глуми тајниот агент 007 во 2006 година, но загубил од Даниел Крејг, сега води во најновата анкета во која одговараа речиси 80.000 фанови ширум светот. Резултатите покажуваат дека 30 отсто од тие што гласале сакаат тој да ја преземе функцијата 007.

Тим Гленфилд, главен уредник и директор на RadioTimes.com, кој го спроведе истражувањето, рече: „Сем е очигледно многу популарен кај фановите, а оваа победа ја зацврстува неговата позиција како еден од главните фаворити за оваа најпожелна филмска улога.

„Со многуте неверојатни таленти кои ќе наследат Даниел Крејг, Сем сигурно има силна конкуренција – но ова големо гласање за доверба сигурно ќе биде земено предвид од страна на продуцентите на Бонд 26.“

Актерската легенда Том Харди се најде на „далечно“ второ место со 14 проценти од гласовите (речиси двојно помалку од Сем), додека sвездата на Man From UNC.L.E Хенри Кевил е трет фаворит со 11 проценти.

Идрис Елба го завзема четвртото место со 10 проценти од гласовите, а Том Хидлстон ги заокружи првите пет фаворити со пет проценти.

Читателите на „Радио Тајмс“ доставија сугестии и предлози на Твитер, од кои 20 кандидати во потесен избор, вклучувајќи и две актерки.

Треба да знаете
Последни објави