Search

Семејствoто на Заев подготвува 700 пакети помош за граѓаните од ранливите категории од Дебар и Куманово

Во текот на денешниот ден семејството на лидерот на СДСМ и експремиер, Зоран Заев со помош на волонтерите од општинскиот кризен штаб во Струмица подготвуваат 700 пакети со прехранбени продукти.

Овие пакети во соработката со општинските кризни штабови ќе бидат поделени во најпогодените градови Куманово и Дебар.

Помошта ќе се испорача на претходно договорени време и локација, а крајната дистрибуција до домовите ќе ја вршат општинските кризни штабови преку своите волонтери, Во Куманово ќе бидат поделени 500, а во Дебар 200 пакети на семејства од социјално ранливите категории.

Претходно, за време на викендот, вакви пакети семејството Заеви подели и за нивните сограѓани во Струмица.

Треба да знаете
Последни објави