Search

Семејство девет години живеело во подрум во холандско село чекајќи го крaјот на светот

Шест млади луѓе и нивниот татко добиле лекарска помош откако полицијата, која дошла на повик, ги пронашла заклучени во подрум на изолирана фарма во близина на селото Руинерволд во провинцијата Дренте, на северот на Холандија, соопштија денеска официјални лица.

Според нив, пронајдени се шест млади луѓе на возраст меѓу 18 и 25 години и нивниот заболен татко, кои во последните девет години немале никаков контакт со надворешниот свет и чекале да дојде крајот на светот.
Педесет и осумгодишниот маж бил уапсен на фармата, но неговата улога во целиот случај сè уште не е позната.

– Колку што знаеме, нивната мајка починала пред да дојдат на фармата. Полицијата откри импровизирани простории во кои живееше семејството, рекоа официјалните лица.

Сепак, не се исклучува моѓност мајката да е убиена и закопана во дворот.

Семејството било  пронајдено откако еден од младите мажи (25) избегал и побарал помош од блиското кафе. Тој бил запуштен со долга коса и рекол дека не одел во училиште.

Треба да знаете
Последни објави