Search

Семејството на Шаулиќ бара 300.000 евра отштета за нанесена душевна болка

Семејството на Шабан Шаулиќ ќе го тужи турскиот државјанин Алсин Левант, кој предизвика судир во кој пејачот загина во Германија, пишува Alo.rs.

Според српските медиуми, намерата на семејството е Турчинот, кој пијан и без возачка дозвола возел автомобил кој не бил во негова сопственост, да добие најголема казна. Семејството ќе бара отштета за претрпена болка поради загуба на член од семејството.

Семејството на Шабан може да добие повеќе од 300.000 евра колку што пејачот би заработил од дваесетте договорени настапи во 2019 година.

„Иако германската полиција и обвинителството по службена должност го гонат Левант, тие не сакаат да седат со скрстени раце. Во моментов тие се распрашуваат каква казна Алсин може да добие односно колку години ќе помине во затвор. Тие првенствено сакаат да го направат тоа со цел Турчинот веќе никогаш да не предизвика таква трагедија“ објави магазинот „Старс“.

„Бидејќи семејството одлучи од куќата во Шабац да направат Шабанов музеј, парите ќе ги вложат во зачувување на споменот за пејачот”, според „Старс“.

Треба да знаете
Последни објави