Search

Семејството на Тот: Благодарност до македонското судство

Ден откако Основниот кривичен суд во Скопје донесе пресуда со која тројцата обвинети за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот беа осудени на вкупно 52 години затвор, семејството на ракометарот кој играше за скопскиот клуб Бутел преку Јутарњи лист изрази благодарност до македонското судство.

-Ви се обраќаме по повод вчерашната одлука на судот во Скопје со која сторителите на кривичното дело тешко убиство беа осудени на неколку години затвор. На овој начин семејството на починатиот Тот сака да им се заблагодари на надлежните органи на обвинителството на Северна Македонија, Судот, надлежното државно правобранителство и полицијата за нивните досегашни постапки.
Исто така, важно е да се нагласи дека вработените во Министерството за здравство на Република Хрватска, Министерството за надворешни работи и Министерството за правда ја пружија сета неопходна помош во тешките моменти за семејството, на кое му беше дадена посебна внимание и помош од г. Иван Маленица, министер за правда и администрација, г. Вили Берош, министер за здравство и г. Гордан Грлиќ Радман, министер за надворешни и европски работи, како и г-ѓа Нивес Тигањ, амбасадорка на Република Хрватска во Северна Македонија“, стои во писмото, во кое се наведува дека семејството сè уште не сака поконкретно да ја коментира пресудата бидејќи е првостепена.

-Семејството Тот будно ќе го следи и ќе го чека натамошното продолжение на жалбената постапка по предметот, со надеж дека второстепениот суд ќе донесе правична и соодветна одлука“.

Да потсетиме, скопскиот суд со кој претседава судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ на тројцата осомничени им изрече вкупно 52 години затвор. Анџело Георгиевски (28) и Клементина Лефковска (19) неправосилно се осудени на по 18 години затвор, додека Андреј Костовски (19) е осуден на 16 години затвор.

Тие беа осудени затоа што ноќта меѓу 6 и 7 април годинава во Скопје до смрт го претепаа Денис Тот пред ноќниот клуб „Привилиџ“, каде претходно беа заедно. Младиот човек почина на 8 април во скопска болница поради контузија на мозокот и фатална повреда на ‘рбетниот столб.

Треба да знаете
Последни објави