Search

Семејството на Билардо подготвува терен како да му ја соопшти веста за смртта на Марадона

Додека целиот свет веќе десетина дена се простува од големиот фудбалски мајстор и еден од најдобрите во најважната споредна работа на светот, Диего Армандо Марадона, има еден човек кој и понатаму не знае за неговата смрт. Станува збор за поранешниот селектор на Аргентина, Карлос Билардо кој „гаучосите“ ги предводеше до втората светска титула во 1986. година на СП во Мексико. Билардо има 82 години и страда од невролошко заболување. Долго време беше во болница на лечење, а кога дошол дома неговиот брат Хорхе води сметка за тоа поранешниот тренер да не дознае за смртта на својот миленик кого го сметаше како син. Барем додека не му се стабилизира состојбата.

-Му ги изгасивме сите телевизии, не сакаме да се шокира. Тоа многу ќе го здоболи, можеби и ќе му го загрози животот. Му ја изгасивме кабловската под изговор дека постои проблем со антената. Му пуштаме да гледа Нетфликс.

Синот на Карлос е свесен дека таа вест не може вечно да се крие. Затоа одлучил да го замоли Оскар Руџери, еден од членовите на шампионската генерација од 1986 да му го соопшти тоа.

-Ќе се соберат неколку играчи од таа екипа, ќе дојдат во посета на Карлос и ќе ја проценат ситуацијата, па некако ќе му ги соопштат тажните вести. Не можеме вечно да криеме, ќе почне да гледа натпревари и вести и ќе дознае самиот.

Семејството од Билардо ја крие и смртта на Хозе Луис Браун кој почина уште во август минатата година. Станува збор исто така за еден од генерацијата светски прваци од 1986 година.

Треба да знаете
Последни објави