Search

Семејството Лазови од Бутел апелира за помош откако во пожар им изгоре куќата

Семејството Лазови од скопската населба Бутел апелира до сите граѓани кои се во можност да им помогнат финансиски и материјално, откако утрово во пожар изгоре нивниот дом. Пламенот ја уништил целата покуќнина и внатрешноста на куќата на улицата Хо Ши Мин. За среќа во пожарот никој не настрадал.

Според полицијата, пожарот во домот на К.Л.(30) избувнал во 8.10 часот, а во 9.30 часот пожарникарите веќе го локализирале пожарот.

Сепак, пламенот комплетно ја уништил внатрешноста на куќата со инвентарот и целата сопственост на семејството.

Лазови апалираат до сите добри луѓе да им помогнат, а кој сака може да уплати донации на тековната сметка на Кире Лазов во НЛБ Банка број 210501687629135.

 

Фото: 24 инфо

Треба да знаете
Последни објави