Search

Семејството Бајден со нови украси во Белата куќа по заминувањето на Доналд и Меланија

Новата администрација на американскиот претседател Џо Бајден, се чини, не само што ќе ја промени државната политика, туку веќе го смени и изгледот на Белата куќа.

Новиот изглед на објектот, според многумина, е делумно забавен, освежувачки, но истовремено е ставен и личен печат. За време на свеченоста при инаугурацијата, 90 членови на персоналот на Белата куќа почнаа со внесување на личните работи на семејството Бајден, а потфатот траеше пет часа.

Бајден сепак, вели дека нема целосно да го смени изгледот на Белата куќа, ниту пак, ќе донесе личен декоратор. Се сменија само некои ситници, а како што се претпоставува, веројатно ќе се вложат уште милион долари за реновирање.

Една од новините е статуата на легендарниот борец за правата на земјоделците – Сезар Чавез, која сега стои зад столицата на претседателот во Овалниот кабинет

– Поставувањето на статуата на татко ми во Овалниот кабинет симболизира нови денови, нова надеж за нашата нација. Ова го велам не затоа што е во чест на татко ми, туку затоа што претставува верба и охрабрување за сите луѓе во чие име се бореше, рече Пол Чавез за Ен Би Си.

Во Овалниот кабинет, исто така, се поставени и статуи на Роза Паркс и Еленор Рузвелт, а Бајден го замени портретот на поранешниот претседател Ендрју Џексон со портрет на Бенџамин Френклин. Иако не се „типичен декор”, кучињата на Бајден – Чемп и Мејџор, исто така, ќе заземат свое место во Белата куќа. Доналд и Меланија Трамп беа првото претседателско семејство, по многу години, кое немаше свое милениче.

Нема официјално соопштение за ова, но многумина го повикуваат семејството Бајден да ја врати и старата градина на Белата куќа, по „контроверзните промени” што ги воведе поранешната прва дама Меланија Трамп, кога таа отстрани дел од растенијата и постави патека со плочки за прошетка.

Треба да знаете
Последни објави