Search

Семејна трагедија во Холандија: Полицаец си ги убил децата и се самоубил, сопругата се бори за живот

Полицијата  објави и дека едно лице е тешко повредено. Според медиумите , околу 17.30 часот на местото на трагедијата пристигнале полициски хелкоптери и возила на итна помош.

Холандскиот портал Телеграф дознава дека станува збор за семејна драма во која полицаец пукал кон членовите на семејството и на крајот си го одзел животот. Тие додаваат дека овие информации ги потврдил извор близок до истрагата.

Меѓутоа, другите холандски медиуми додадоа дека соседите дознале дека тројцата загинати се полицаец, кој пукал кон неговото семејство и на крајот го убил себе си и неговите две деца. Додаваат дека неговата сопруга и мајката на децата била сериозно повредена.

Полицијата потврди дека тројцата биле мртви, но не соопшти дали се деца.

Соседите додадоа и дека мажот и жената биле во процес на развод.

Треба да знаете
Последни објави