Search

Семедо ќе ја помине ноќта во болницата

 Одбранбениот фудбалер на Барселона, Нелсон Семедо ќе ја помине ноќта во болница во Билбао под надзор на лекарите, објавено е на официјалниот Твитер на каталонскиот клуб.

Португалецот заработи повреда на главата на денешниот натпревар од шампионатот на Шпанија со Еибар (2:2) и предвреме го заврши натпреварот.

Семедо треба да се врати во Барселона од Билбао утре, доколку во текот на ноќта биде се во ред.

Оваа сезона во шпанската лига Семедо одигра 26 натпревари и постигна еден гол. 

Треба да знаете
Последни објави