Search

Село во Кина во карантин поради чума

Властите во кинескиот регион Внатрешна Монголија денеска издадоа трето ниво на предупредување за чума и селото Баоту го ставија во карантин, откако еден локалец почина од цревна чума. Според надлежните, предупредувањето ќе остане во сила до крајот на годината.

Локалните здравствени власти соопштија дека ги следат контактите на починатиот селанец, вкупно девет и уште 26 лица кои имале контакт со тие девет лица.

Сите се ставени во карантин и се под лекарски надзор. Досега ниту еден од нив нема симптоми и сите биле негативни за болеста.

Починатиот имал цревна чума чии симптоми вклучуваат дијареја, силни болки во стомакот и треска.

Појавата на чума во Кина не е невообичаена, но болеста сепак се појавува се поретко.

Треба да знаете
Последни објави