Search

Села: Со уцени и притисоци го задржавме Гостивар, го освоивме Дебар

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села на вечерашната прес конференција објави дека партијата го задржува градоначалничкото место во Гостивар и истовремено го добива и Дебар.

Села обвини за уцени, притисоци и поткуп и им се заблагодари на сите граѓани кои имаа „имаа храброст да го искажат својот глас“.

-Ги освоивме Гостивар и Дебар, победивме во првиот круг, додека во 5 други општини одиме во вториот круг, ќе има втор круг. Верувам дека заедно со граѓаните ќе можеме да го зголемиме бројот на општини предводени од албанската опозиција, рече Села.

 

Треба да знаете
Последни објави