Search

Села се сретна со американската амбасадорка, Кејт Брнс

Денес, во канцелариите на Алијансата за Албанците во Скопје, лидерот  на АА Зиадин Села, одржа консултативна средба со амбасадорката на САД,  Кејт Брнс.
Безбедноста, просперитетот, почитувањето на човековите права,  владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата се  области за кои Алијансата за Албанците се залага. Лидерот на АА Зиадин  Села, од блиску и објасни на амбасадорката за ова, посочувајќи ги  напорите што ги направи Алијансата за Албанците како опозициски  политички субјект и продолжува да ги прави за да се постигне  безбедност и стабилност во земјата.
Амбасадорката Брнс ја потврди поддршката на САД за Северна Македонија  на нејзиниот пат кон НАТО и ЕУ.
На средбата, посебен акцент беше ставен на напорите за постигнување на  целосна слобода на медиумите, како начин за слободно изразување и  демократија.
На средбата присуствуваше и потпретседателот на Алијансата за  Албанците, Елми Азири, Политичкот советник при Амбасадата на САД,  Ендру Мофат и Политичкиот аналитичар при Амбасадата на САД, Адриан  Исмаили.
Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, интензивно ги  продолжува средбите со странски амбасадори.

Треба да знаете
Последни објави