Search

Села на средба со шефот на мисијата на ОБСЕ, Која

Денес во канцелариите на Алијанса за Албанците се одржа средба меѓу лидерот на Алијанса за Албанците Зиадин Села и шефот на мисијата на ОБСЕ во Северна Македонија, амбасадорот Клеменс Која.

На средбата, лидерот Села изрази загриженост за несоодветната застапеност на сите етнички заедници во политичкиот, социјалниот и културниот живот во земјата. На оваа тема, тој внимателно му објасни на амбасадорот Која за сите напори на Алијансата како опозициска партија што таа континуирано ги спроведува со цел да ги намали овие етнички разлики.

На состанокот посебен акцент од старана на лидерот Села беше даден на потребата за реформи на Изборниот законик, како и мислењето на Венецијанската комисија што во никој случај не треба да се користи како предмет за дневни политички игри, со оглед на фактот дека законот за јазици беше изгласан по Бадинтеровиот принцип.

Лидерот Села ја истакна и неспорната потреба за реформи во судството, образование, слободата на медиумите и целосното достигнување на владеењето на правото за намалување на криминалот и корупцијата.

Миграцијата како многу чувствително прашање во земјата, за што Претседателот Села ја истакна потребата да се преземат итни мерки за да се спречи тоа и да се ангажира младинската сила за да одговори на нивните реални потреби.

Средбата беше оценета како многу конструктивна од двете страни, при што се потенцираше потребата вакви состаноци да има и во иднина.

 

Треба да знаете
Последни објави