Search

Села за „27 април“: Одредени претседатели на политички партии најверојтно знаеле и биле организатори

Пратеникот Зијадин Села на денешното сведочење во Кривичниот суд за настаните од 27 април минатата година рече дека не може да тврди со сигурност дали  одредени претседатели на политички партии знаеле дека ќе се избира претседател на Собранието и дека е можно да дојде до ескалација на ситуацијата но, како што додаде, најверојатно знаеле и биле организатори.

– Најверојатно дека некој знаел или претпоставувал. Ама некој знаел и не бил присутен. По логика на нештата за тој важен момент, така излегува. Мислам дека и немаше друга причина одредени претседатели на политички партии да не бидат присутни. Не можам да тврдам со сигурност, ама најверојатно знаеле и најверјатно биле организатори. Не зборувам само за едно име и презиме, туку зборувам за неколку претседатели кои не беа присутни, истакна Села одговарајќи на прашање од обвинетиот Никола Митревски -Кољо.

По сведочењето Села одговарајќи на новинарски прашања околу тоа дали мисли на Али Ахмети и Никола Груевски за „претседателите на партиите кои не биле присутни дента на 27 април”, наведе дека  е симптоматично тоа што министерот за внатрешни работи ништо не знаел, а Ахмети не бил присутен.

-Што се однесува на другиот тогашен претседател на партијата што не беше присутен, тоа беше Никола Груевски. Сега тој најверојатно треба да е во целава организација околу настаните од 27 април. Дали има докази-нема докази и по логика на нештата тоа така излегува, рече Села.

На почетокот на сведочењето во судот Села наведе дека  денот почнал нормално, како и собраниската седница.

– Прашање беше дали ќе се избира претседател на Собранието, како и во текот на претходните неколку денови. Тој ден се одлучи да се деблокира целата постапка од претходната влада и да се избире претседател на Собранието, рече Села.

Посочи дека слушнал оти тие што протестираат се обидуваат да влезат во Собранието. Беше најавено, додаде Села, дека ќе има прес – конференција новиот претседател и дека заедно со неговите колеги се качил на првиот кат.

– Бевме на почетокот од холот во собранискиот прес-центар кога слушнавме врева. Некој рече дека толпата е влезена во Собранието и сите пратеници што бевме во холот се упативме кон прес-центарот, каде што таму Талат Џафери држеше прес – конференција, рече Села.

Се присети дека некој ги затворил вратите за да не може толпата да влезе и дека личното обезбедување на Зоран Заев се обидувало да ги спречи да влезат, но по некое време ги истуркале и успеале да влезат.

-Во еден момент мој колега ми рече дека некој од обезбедување на Собранието ги извлекува еден по еден пратениците и да одам по него. Јас му реков дека тоа не е можно затоа што јас сум познат на луѓето и дека тој ќе трпи последици покрај мене. Кога моите колеги се тргнаа јас останав сам со толпата. Фрлаа со предмети, фрлија со монитор, по некое време се онесвестив и веќе не се сеќавам. Се освестив на трети кат. Бев позади едно биро во канцеларија, до мене беше Абдулфета Алими, кој ме праша како сум. Мојот телефон беше кај него, мои блиски ме бараа. Тој ми го даде телефонот и јас се јавив кај жена ми да и кажам дека сум добро, потоа и на други луѓе им се јавив. Во еден момент му се обратив на Алими дека не се сеќавам што, како ама му реков дека сум во негови раце. Имаше и еден друг таму од тие што протестираа, го прашав кој е ми рече и тој помага, рече Села.

Алими, како што додаде му рекол дека додека е жив ќе го штити.  – Ми велеше да бидам тивок бидејќи постои ризик да ме најде топата таму каде што сум скриен. Не се сеќавам како сум стигнал таму. Јас мислам дека откако се освестив додека да ме префрлат во Клинички центар мислев дека поминале 15-тина минути, а моите блиски велат дека поминал еден час. Во еден момент дојде и тој што беше со Абдулфета и ми рече кога ќе дојде полицијата кажи им дека ти помагам. Ми облекоа дуксер од тој што беше со Абдулфета и ми ставија значка, а потоа ме изнесоа надвор како повреден полицае, посочи Села.

Наведе дека  Алими, бил со него до влезот на Клиничкиот центар, а кога забележи дека се дојдени мои луѓе, дојде и ме праша дали сум слободен.Јас му реков дека е слободен, а потоа ме однесоа на КАРИЛ.

На прашање од адвокатката на Алими, Кристина Маневска, што чувствува за Алими, Села рече дека  тој е заслужен затоа што е жив.

Затоа, како што рече Села, кога слушнал дека Алими не може да излезе од затвор бидејќи нема имот се водел од мислата дека „ако јас имам куќа има и тој” и оти му е должник.

На прашањето од Никола Митревски – Кољо дали пратениците знаеле неколку дена претходно дека се планирало да се бира претседател на Собранието, Села рече дека имало најава, но оти тој не може да тврди дали и тие знаеле.

Посочи дека на 27 април, кога приватно бил излезен од Собранието, околу 15 часот телефонски дознал од премиерот Зоран Заев дека постои можност тој ден да се избира претседател на Парламентот.

Пред Зијадин Села во судот денеска исказ даваше и Милунка Јованоска, како сведок на обвинетиот Горан Ѓошевски-Леви.

Треба да знаете
Последни објави