Search

Селадес доби отказ од Валенсија

Алберт Селадес повеќе не е тренер на шпанскиот фудбалски прволигаш Валенсија. Раководството на клубот одлучи да го отпушти тренерот поради слаби резултати.

Селадес ги предводеше „лилјаците” од септември 2019 година.

Под водство на Селадес, Валенсија победи само на два од последните 13 натпревари и излезе надвор од зоната која носи учество во европските купови. По 32 кола, екипата е на осмото место во Ла Лига.

До крајот на сезоната, Воро ќе биде вршител на должноста тренер. Тој е член на тренерскиот персонал на тимот од 2002 година. Го презеде тимот привремено четири пати, а целосно го предводеше во првата половина на 2017 година. 

Треба да знаете
Последни објави