Search

Сексуална работничка од Амстердам: И по 15 години се уште уживам во секој ден

Сексуална работничка од Амстердам: И по 15 години се уште уживам во секој ден

Го сакам сексот. Сакам да заработувам пари. Пред осум години работев многу различни работи, но ова е единствена работа која навистина ми се допаѓа“ вели 37-годишната сексуална работничка под име Фокси Ејнџел.

Таа го работи ова цели 15 години, а на нејзиниот прозор стои цена од 80 евра дневно. Секој ден таа има по пет-шест клиенти, од кои секој плаќа најмалку 50 евра. Кога ќе ѝ заврши смената, со клиентите се гледа и во кафулињата или клубовите, а понекогаш заминува и на локации за групни искуства, раскажува таа за Си-ен-ен.

Нејзината заработка останува само за неа, нема шеф.

„И по 15 години и натаму уживам во секој ден“ вели таа.

Сепак одлучила да не работи по 45-та година, ќе се посветела на активизам и ќе се бори за правата на сексуалните работници. Таа е членка на холандската унија на сексуални работници, позната како „Прауд“. Таа тврди дека борбата е неопходна, бидејќи Амстердам не е либерален кон сексуалните работници како што многумина веруваат.

Сексуалната работа во Амстердам во одреден облик е легална од 1830 година, а како легална професија постои од 1988 година. Законот во 2000 година ја стави оваа активност под надлежност на општината, па се бара дозвола за работа и почитување на одредени правила кои ги одредува општината.

Треба да знаете
Последни објави