Search

Сексот и спиењето нѐ прават посреќни од зголемување на платата

Најново истражување на британскиот Национален центар за општествени истражувања покажа дека квалитетниот ноќен сон им е поважен на луѓето да се чувствуват среќни, отколку да добијат покачување на платата за 50%.

Студијата во која учествуваа повеќе од 8.000 Британци покажа дека квалитетниот сон, сексуалното задоволство и здравјето на блиските најтесно се поврзуваат со чувството на среќа и благосостојба. Според резултатите од ова истражување, зголемувањето на платата за 50% имало многу мало влијание врз чувството на среќа.

Испитаниците кои за време на истражувањето имале квалитетен сон имале 15 бодови повеќе на индексот на среќа во споредба со оние кои немале квалитетен сон.

Луѓето незадоволни од својот сексуален живот имале 7 бодови помалку од оние кои имале квалитетен сексуален живот, а оние на кои им била зголемена платата за 50% имале само 2 бода повеќе на индексот на среќа.

Фактори што влијаат врз чувството на среќа се и животот во сигурна заедница и сигурност на работното место.

Ова истражување, меѓу другото, покажа дека луѓето во 30-тите и 40-тите години кои немаат деца се најмалку среќни.

Треба да знаете
Последни објави