Search

Секој 150. Словенец е заразен со коронавирусот

Словенија се подготвува да воведе нови построги мерки откако регистрираше 707 нови случаи на заразени лица од коронавирусот. Портпаролот на владата Јелко Кацин изјави дека оваа бројка произлегува од направените 4.902 тестирања.

-Ова се навистина големи бројки. Стапката на заразата во изминатите 14 дена е 202,75 случаи на 100.000 жители. Со ова се исполнуваат услови за воведување мерки од претпоследната, портокалова фаза, изјави Кацин.

Шефот на Клиниката за инфективни болести на Универзитетскиот медицински центар во Љубљана, Матјаж Јереб, процени дека секој 150. Словенец е заразен со коронавирус.

 

Треба да знаете
Последни објави