Search

Секој трет автобус неисправен: Исклучени од сообраќај 16 автобуси вчера во Скопје

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на 21.02.2019 година во периодот од 8 до 13 часот спроведе зајакната акциска контрола на возилакои вршат јавен превоз на патници.

Од страна на полициски службеници контролирани се 49 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз. Сите возила се упатени на вонреден технички преглед, при што биле констатирани вкупно 16 неисправности и други недостатоци. Кај осум возила бил неисправен уредот за кочење, кај две уредот за управување, три имале неисправни светлосно-сигнални уреди, а едно неисправни останати уреди., додека две возила немале  комплетна опрема.

По наведените прекршоци преземени 44 мерки и тоа: поднесени се 12 барања за поведување прекршочна постапка, издадени се 18 прекшочни платни налози, а 14 возила се исклучени од сообраќај. Исто така, при акциската контрола, откриени се и два други прекршоци што ги сториле автобуси и други возила што вршат јавен превоз. Додека, исто така, откриени се 12 прекршоци кај останатите учесници во сообраќајот и на нив им се издадени девет мандатни платни алози и три прекшочни платни налози.

Треба да знаете
Последни објави