Search

Секој петти тестиран во Брисел е позитивен на коронавирус

Речиси секој петти жител на Брисел кој бил тестиран има позитивен резултат на Ковид-19, велат во Националниот кризен центар.

Позитивната стапка на тестирање во Брисел е 19,3 отсто, во споредба со 11,7 отсто, што е национален просек за Белгија.

Во последната недела, Брисел бележи просечно 881 нов случај на инфекција со Ковид-19 дневно.

Здравствените власти предупредуваат дека бројот на заразени лица во Брисел може да биде поголем од добиениот просек, бидејќи градот нема доволно капацитети за тестирање.

Треба да знаете
Последни објави