Search

Секој ден го труеме телото на овие 4 начини

Ви претставуваме четири сериозни извори на токсини во нашиот живот кои мора да ги избегнуваме или регулираме, бидејќи во спротивно може да предизвикаат сериозни здравствени проблеми.

Токсините се дел од секојдневниот живот и не можеме да побегнеме од нив. Тие се наоѓаат секаде околу нас, во воздухот, водата, храната, но и во нашето тело. Ви претставуваме четири главни извори на токсини во нашиот живот коишто мора да ги избегнуваме или регулираме инаку во спротивно, може да предизвикаат сериозни здравствени проблеми.

Недостаток од сон

spienje1

Потребен ни е квалитетен сон со цел телото непречено да ги извршува своите внатрешни процеси за детоксикација. Експертите препорачуваат осум часа сон секоја ноќ.

Ако имате проблеми со спиењето, обидете се малку да го стабилизирате својот ритам – секој ден легнувајте си во исто време. Недостатокот на сон ќе делува лошо по вашето здравје.

Готова храна

Кога се враќате уморни од работното место, понекогаш е најлесно да ја посетите најблиската продавница и да купите веќе зготвена храна. Меѓутоа, внесот на готова храна во телото би требало да е минимален и би требало да избегнуваме често да консумираме такви јадења бидејќи не ги содржат сите потребни нутритиенти и често се полни со нездрави масти, шеќери и токсини.

„Неуредно“ минато

Ако долго време сте пушеле, консумирале брза храна или сте пиеле поголеми количества наалкохол, тоа остава долгорочни последици по вашето здравје. Дури и кога ќе се ослободиме од тие пороци, телото сепак ги помни.

Кога нашиот организам е преоптеретен со токсини, мора да пронајде место на коешто ќе ги „складира“ и главно ги остава во масното ткиво. Токму затоа докторите препорачуваат најмалку еднаш годишно да направите мала програма за детоксикација со чија помош ќе се ослободите од „скриените“ токсини.

Производи за чистење

Сакаме чист дом без бактерии, па често купуваме најразлични сретства за чистење кои во себе содржат хемикалии, и иако тие сосема добро ја извршуваат својата задача, тие всушност не се воопшто добри за нашето здравје ако ги употребуваме неправилно.

При чистењето на домот задолжително заштитете ги рацете со гумени ракавици, а ако на производите пишува да ги заштитите и дишните патишта, задолжително направете го тоа.

Треба да знаете
Последни објави