Search

Секоја здравствена установа каде се сместуваат пациенти треба да назначи советник за заштита на нивните права

Секоја здравствената установа во која се сместуваат пациенти е законски должна да назначи советник за заштита на нивните права од редот на вработените во Министерството за здравство, со должност да стои на нивна услуга за многу барања, права, прашања, недоумици кои се пропишани и загарантирани во Законот за здравствена заштита, соопшти денеска претседателот на Комисија за унапредување на права на пациентите, Павлинка Балиска.

Според неа, втора алтернативна и најзначајна алатка која може да помогне и даде придонес за унапредување на правата на пациентот е Постојана комисија за унапредување на правата на пациентите формирана со одлука на Град Скопје.

Комисијата е составена од девет члена, кои се избрани од страна на Советот на Град Скопје и тоа: претставници на пациентите – членови на здруженијата на пациентите, двајца претставници на невладините организации кои се занимаваат со човековите права и граѓанските иницијативи, двајца лекари и тројца членови делегирани од Советот на Град Скопје. Мандатот на членовите на Комисијата изнесува две години со право на уште еден последователен избор.

Надлежностите на Комисијата се: следење и проценка на состојбата со заштитата на правата на пациентите, предлагање мерки за подобрување на заштитата на правата на пациентите до надлежните органи: јавни и приватни здравствени установи, инспекторати, Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Фондот за здравствено осигурување и други домашни и меѓународни организации, соработка со надлежните органи и другите формирани комисии за унапредување на правата на пациентите, соработка со Советот на Град Скопје и медиумите, разгледување поплаки од пациенти и предлагање на мерки до надлежните органи, обезбедување на стручна експертиза ако оцени дека е тоа неопходно за утврдување на состојбатa, водење евиденција за поединечни поплаки на пациентите…

Канцеларијата за унапредување на правата на пациентите се наоѓа во просториите на Град Скопје.

Треба да знаете
Последни објави