Search

Секое шесто младо лице загубило работа за време на пандемијата

Еден од шест млади вработени го загубил своето работно место за време на пандемијата на коронавирусот, покажа анкета на Меѓународната организација на трудот (ИЛО).

Телото на ОН со седиште во Женева утврдило и дека кризата предизвикана од Ковид-19 ги намалува шансите на младите луѓе да влезат на пазарот на трудот. Десет проценти од студентите очекуваат дека нема да можат да го завршат школувањето, а половина се со став дека нивното учење ќе биде одложено.

„Ова предизвикува голема загриженост за состојбата на младите луѓе”, рече генералниот директор на ИЛО, Гај Рајдер, на брифинг за медиуми, осврнувајќи се на „генерацијата карантин” што ќе се соочи со пониски плати и поголема невработеност во наредните години.

Повеќе од 11.000 испитаници на возраст меѓу 18 и 29 години учествуваа во истражувањето.

ИЛО истакнува дека глобалната невработеност кај младите беше 13,6 проценти минатата година и пред корона-кризата, повеќе отколку пред глобалната финансиска криза во 2008 година.

Треба да знаете
Последни објави