Search

Седум починати и 89 нови случаи од ковид 19

Во земјава денеска се регистрирани нови 89 позитивни случаи на коронавирус.

Од Институтот за јавно здравје, за МИА наведоа дека во изминатото деноноќие починале седум лица инфицирани со Ковид-19. Вкупно биле направени 727 тестови.

Починатите се двајца од Скопје, двајца од Куманово, исто толку од Тетово и еден пациент од Струга.

Новозаразените се Скопје – 35, Штип – 27, Куманово – 12, Тетово – 7, Кочани – 4, и по еден од Прилеп, Гостивар, Струмица, Гевгелија и Свети Николе.

Во изминатите 24 часа рестирирани се 17 оздравени пациенти.

Министерот за здравство Венко Филипче ќе одржи прес-конференција во 15:00 часот за најновите информации со ситуацијата со Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.315, бројката на оздравени пациенти е 1.569, на починати е 140, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606.

Последната дистрибуција по градови е следната:

• Скопје – 876, активни 298
• Куманово – 467, активни 55
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 103, активни 68
• Прилеп –212, активни 30
• Тетово – 217, активни 83
• Струга – 84, активни 13
• Велес – 130, активни 27
• Битола –28, активни 3
• Охрид –23, активни 6
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар –27, активни 7
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 4, активни 2
• Крива Паланка- 6, активни 0
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 37, активни 6
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 3, активни 1
• Неготино -12, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 0
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -2, активни 1
• Виница – 3, активни 1
• Кратово-2, активни 0
• Берово-1, активни 0
• Свети Николе-2, активни 2.

Направените 727 теста се преку: ИЈЗ –446, ЦЈЗ Скопје-53 , Филип Втори (Жан Митрев) –9, Систина со PCR метода -117 и МАНУ -102.

Досега во земјата се направени вкупно 30.302 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 312 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Прилеп и Скопје, а регистрирани се три позитивни случаи во геронтолошка установа во Скопје.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти, хоспитализирани се вкупно 45 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 16 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани 30 пациенти. На респираторна машина се 3, a со потешка клиничка слика се 9 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 5 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 15 пациенти, а на домашно лекување се следат 15 пациенти во стабилна состојба. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 27 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави