Search

Седум починати и заболени над 8.400 лица од грип во Хрватска

Седум смртни случаи и заболени над 8.400 лица од грип во Хрватска, се податоците коишто ги сподели првиот човек на Националниот референтен центар за инфуелнцата, хрватскиот доктор Владимир Драженовиќ во изјава за Хрватската телевизија. Според него, во моментов во Хрватска има пријавени 8 460 заболени од грип и седум пријавени сртни случаи, но проценките се дека бројот на заболени е четири пати поголем.

,,Вистинските бројки допрва доаѓаат. Се смета дека реалната бројка на заболени е четири пати поголема од пријавената. Ако ја следиме динамиката и докажаните случаи, а сега сме во екот на епидемијата која ќе потрае 8 недели со многу висок интензитет, можам да кажам дека такви бројки не сме имале во изминатите 10 години”, нагласи тој.

Годинава зема замав вурусот на грип од типот А, кој е за 30 отсто поопасен од минатогодишниот тип на грип. Најголем проблем е што тој последните три години не се појавувал, па повеќето од населението ја изгубило отпорноста на него.

Треба да знаете
Последни објави