Search

Седум номинации и ниту една статуетка, дали оваа актерка е најголемата губитничка на „Оскарите“?

Холивудската актерка Глен Клоуз и оваа година остана без „Оскар“. Таа беше номинирана за најдобра женска улога за филмот The Wife, а изгуби од Оливија Колман, која ја освои наградата за улогата во филмот The Favourite.

Корисниците на „Твитер“ синоќа за време на доделувањето на наградите „Оскар“ коментираа дека не може да си поверуваат дека на легендарната актерка ѝ побегна уште еден „Оскар“. Ова ѝ беше седма номинација.

„Што треба да направи Глен Клоуз за конечно да добие Оскар“, „Ова е грабеж“, „Неверојатно дека ѝ избега уште еден Оскар“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

И самата Колман во говорот ѝ оддаде признание на Клоуз велејќи дека таа ѝ е омилена актерка и дека не очекувала да се запознаат на овој начин.

Клоуз за најдобра споредна женска улога беше номинирана три пати, и тоа во 1982 година (The World According to Garp), 1983 (The Big Chill) и во 1984 (The Natural), а за главна женска улога дури четири пати, и тоа во 1987 година (Fatal Attraction), 1988 (Dangerous Liaisons), 2011 (Albert Nobbs) и во 2019 година (The Wife).

Треба да знаете
Последни објави