Search

Седум минути ужас во авион на летот од Атланта до Форт Лодердејл

Патниците во авионот на Делта Ерлајнс на летот од Атланта до Форт Лодердејл , преживеаја седум минути ужас . Авионот паѓал речиси девет илјади метри , пред да се стабилизира, а за тоа време се сушале пискотници , плач и молитви од престрашените патници. Летот 2352 бил на половина пат кога од височина од 11 890 метри , за помалку од седум минути пропаднал на речиси три илјади метри.

-Одеднаш почувствував нешто што наликуваше на брз пад, изјави патникот Харис Де Воскин за WFTS. “Почнавме да паѓаме и маските за кислород паднаа од преградите. Хаосот беше меѓу патниците. Еден член на екипажот постојано велеше да не паничиме, но ситуацијата беше доста напната.

Де Воскин рече дека им кажал на девојката и семејството дека „му се случуваат некои ужасни работи“.

„Гледајќи наназад, сè испадна добро“, рече тој, додавајќи дека неговата интуиција му наложила да им се јави на своите најблиски.

Портпаролот на „Делта Ерлајнс“ изјави дека летот бил пренасочен кон градот Тампа, Флорида (Тампа е северо-источно од Форт Лаудердејл и 371 километарска оддалеченост) од безбедносни причини и слетал во Тампа без никакви проблеми. Од Делта соопштија дека пренасочувањето се должи на „неправилности во одржувањето на воздушниот притисок во авионот“.

„Животот е краток. Беа ужасни 60 до 90 секунди. Не знаевме што точно се случува, а вие сте на 4.500 метри височина. Тоа е застрашувачко“, рече Де Воскин.

Авионот ја поминал ноќта на аеродромот во Тампа каде механичарите извршиле контрола на леталото.

Треба да знаете
Последни објави